Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари, покажуваат во петокот објавените показатели на Министерството за финансии, според коишто вкупните приходи изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари. Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност (ДДВ) од 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, данокот на добивка со 755 милиони денари, од акцизи 1.195 милиони денари, додека неоданочените приходи изнесуваат 773 милиони денари. Буџетот е во добра кондиција. Како што посочи, приливот на средства во првите четири месеци од 2013 година е во рамките на очекуваното, а плаќањата се вршат навремено. Oстварениот суфицит ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи во февруари и на почетокот на годината и во март поврзани со плаќањата на обврските кон стопанството и субвенциите.
Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари, покажуваат во петокот објавените показатели на Министерството за финансии, според коишто вкупните приходи изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност (ДДВ) од 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, данокот на добивка со 755 милиони денари, од акцизи 1.195 милиони денари, додека неоданочените приходи изнесуваат 773 милиони денари.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неодамна во интервјуто за агенцијата МИА изјави дека Буџетот е во добра кондиција. Како што посочи, приливот на средства во првите четири месеци од 2013 година е во рамките на очекуваното, а плаќањата се вршат навремено.
Според Ставрески, остварениот суфицит ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи во февруари и на почетокот на годината и во март поврзани со плаќањата на обврските кон стопанството и субвенциите. Дефицитот е во рамки на очекувањата и таков ќе биде до крајот на годината, а вицепремиерот очекува да се исполнат зададените проекции.